РК Радовиш е следниот противник на ГРК Охрид во Супер лигата. Можност екипата да се врати на победничката патека по поразот од Алкалоид во дерби средбата минатото коло.

После поразот од Алкалоид мораме да работиме напорно и да се вратиме на победите за достигнување на нашите цели. Екипата на Радовиш воопшто не е за потценување, мораме максимално да влеземе во мечот и да ја оправдаме фаворитската улога, вели специјалистот за одбрана Горан Крстевски.

Натпреварот помеѓу Охрид и Радовиш се игра во сабота, 23 ноември, во 15 часот, во спортската сала „Билјанини извори“.

Г.М.