Ракометарите на Охрид денес ја пречекуваат екипата на РК Радовиш во рамки на 12 коло од Супер лигата. Можност екипата да се врати на победничката патека по поразот од Алкалоид во дерби средбата минатото коло.

„Гладијаторите“ велат екипата на Радовиш воопшто не е за потценување, мора максимално да влезат во мечот и да ја оправдаат фаворитската улога.

Натпреварот помеѓу Охрид и Радовиш се игра со почеток во 15 часот, во спортската сала „Билјанини извори“.

OhridNews