Одлична игра и атмосфера во салата Билјанини Извори вчера на натпреварот помеѓу ГРК Охрид и ракометен првак Вардар 1961. ГРК Охрид беше поразен од противникот со седум гола разлика односно резултат од 21:28. Противникот со водство и на крајот на првото полувреме од 16:11.

По овој натпревар ГРК Охрид се наоѓа на шестата позиција на табелата со еден бод, додека РК Вардар е втор на табелата со 20 бодови. Првото место на табелата резервирано за РК Еурофарм Пелистер со 22 бода.

Следен натпревар за екипата на ГРК Охрид е на 1 мај со екипата на РК Бутел.

OhridNews