Во рамки на 22 коло од Супер лигата ракометарите на ГРК Охрид во среда гостуваат кај екипата на Алкалоид, кога ќе го одиграат последниот натпревар од регуларниот дел.

Не очекува тежок натпревар кој за нас нема ништо да смени на табелата доколку го изгубиме, но може многу да добиеме ако победиме пред почеток на плеј-оф за самодоверба и добра атмосфера во екипата која ќе биде клучна во овој дел од првенството, вели специјалистот за одбрана во ГРК Охрид, Милорад Кукоски.

Натпреварот се игра во салата „Автокоманда“ со почеток во 19 часот.

OhridNews