Во рамки на четвртото коло од плеј-офот во Супер лигата ракометарите на Охрид во среда ја пречекуваат екипата на РК Алкалоид.
Иако не сме во нашиот најсилен состав и се наоѓаме во тешка ситуација, веруваме дека со Вашата поддршка можеме да го надмииме и следниот тежок натпревар. Да се бориме заедно, вели бекот Хироки Матсуока обраќајќи се до своите фанови.
Натпреварот се игра во среда во салата „Билjанини извори“ со почеток во 18 часот.
Продажбата на билети за натпреварот започнува денес во 17 часот на билетарата во сала по цена од 100 денари.
OhridNews