Ракометарите на ГРК Охрид во сабота го пречекуваат шампионот Вардар во рамки на петтото коло од Супер лигата.
Тие се добар тим, можеби се фаворити на хартија, но за нас тоа не е важно. Ќе се бориме и секако сакаме победа, ќе видиме, вели централниот бек Халил Озтурк.
Од денес стартува и продажбата на билетите за дуелот, информираат од ГРК Охрид.
Истите ќе може да се купат секој ден од 18:00-20:00 часот на билетарата во СРЦ Билјанини Извори.
Натпреварот ќе се одигра во салата „Билјанини извори“ со почеток во 19:30 часот.
OhridNews