ГРК Охрид во сабота, 14 септември, го игра премиерниот меч пред своја публика во новото првенство против Бутел од Скопје.

Противникот максимално го респектираме, но победата е наш императив порачуваат “Гладијаторите”.

Во сабота го играме првиот натпревар за оваа сезона на домашен терен. На гости ни доаѓа екипата на Бутел која воопшто не е за потценување. Треба максимално да се влезе во мечот и со добра игра да стигнеме до нови бодови, вели средниот бек на ГРК Охрид, Горан Крстевски.

Натпреварот се игра со почеток во 20 часот.

OhridNews