ГРК Охрид во сабота во рамки на 13 коло од Супер лигата гостува кај екипата на РК Бутел во Скопје. Ракометарите со оптимизам за освојување на бодовите.

Во сабота не очекува незгодно гостување. Играме против една млада и добро тренирана екипа која одлично игра на домашен терен. Наше е да се подготвиме и да одиграме еден добар натпревар, имаме квалитетна екипа која двата бода ќе ги донесе во Охрид, вели голманот на ГРК Охрид, Градимир Чаневски.

 

Натпреварот ќе се одигра во салата „Антон Димитров“ во Скопје со почеток во 18 часот.

OhridNews