ГРК Охрид во следното коло од Супер лигата гостува кај актуелниот шампион и двократен европски првак Вардар.
За двете екипи отворен натпревар пред паузата и период на генерални проби за плеј-оф пресметките на пролет, вели Наум Бабачев- Бабак.
Натпревари како овој со Вардар се можност и мотив за што подобро издание на нашиот тим. Без психолошко оптоварување патуваме за Скопје да одиграме со европскиот првак, додава Бабачев.
На табелата ГРК Охрид е трети со 21 бод, додека тимот на Вардар е прв со 33 бода. Натпреварот е закажан во сабота на 26-ти ноември со почеток во 18 часот.
OhridNews