Со сите сили до нова победа во битката за Плеј оф. Екипата на ГРК Охрид во сабота на домашен терен ја пречекува екипата на Вардар Неготино.

По победата во Езерското дерби продолжуваме со макотрпна работа, вели левиот бек и специјалистот за одбрана, Даниел Андоновски.

Се надевам дека секој играч ќе одигра максимално сконцентрирано и сонова победа ќе сме поблиску до посакуваната цел во овој дел од првенството, плејофот, истакна Андоновски.

Инаку, натпреварот ќе се одигра во салата „Билјанини извори“ со почеток од 18:30 часот.

Со победата во Езерското дерби Охрид ја прескокна Струга на супелигашката табела и сега е 4ти со 9 бода.

OhridNews