Во сабота во рамките на 22-то коло екипата на ГРК Охрид ќе го одигра последниот натпревар на домашен терен во регуларниот дел во Супер лигата против екипата на Еурофарм Пелистер 2.
Натпреварот е со почеток во 18:30 часот, влезот е 50 денари.
Со победата над екипата на Прилеп, Охрид на 6то место, последно кое води во плејофот, ја задржа предноста од три бода пред главниот конкурент Пролет, а „гладијаторите“ имаа и подобра гол разлика.
OhridNews