Богат ракометен викенд во Охрид. Ракометарите на Охрид утре ја пречекуваат екипата на Струга од 18:30 часот, а на програмата се и натпреварите на кадетите и пионерите на ГРК Охрид.

Во пресрет на утрешниот натпревар тренерот Горан Андоновски вели дека ги очекува тежок натпревар, а победата е важна.

Како и пред секој натпревар се припремаме, тренираме максимално. Играме против доста искусна екипа, во чиј состав се четворица интернационалци, Велко Маркоски поранешен репрезентативец на Македонија, Бојан Блажески кој долги години настапуваше за Охрид, плус тројца играчи од нивната школа кои се одлични. Ќе биде еден исклучително тежок натпревар, бидејќи на тие натпревари се дава повеќе од 100% од можностите и на едната и на другата екипа. Победата ни е важна, тешко поминавме во Струга и на крајот успеавме да победиме. Се надевам ќе дадеме максимум и ќе дојдеме до трите важни бода, рече Андоновски.

Пикерот Владимир Бојаниќ истакна дека ќе го дадат максимумот во играта за да победат и ги освојат трите бода.

Клучен фактор за победата е да излеземе и да одиграме 200%. Ова е дерби, видовме и во Струга дека не е лесно. Очекувам дека утре натпреварот нема да биде лесен, но се подготвуваме. Да се збогуваме со публиката со победа и да се подготвуваме за Плејоф и очекувам три бода, рече Бојаниќ.

Воедно од клубот упатија и повик до публиката да дојде на дуелот со Струга, да покажеме велат уште еднаш дека нашата публика знае да навива, да навиваме за нашиот клуб и да им покажеме на стружани како се навива.

Н.С.Ј.

видео.К.С.