Се спушта завесата во регуларниот дел од сезоната во Супер лигата. Во рамки на 14 коло ГРК Охрид му гостува на Вардар Неготино. Победата е императив, велат од клубот.

Ракометарот Дејан Шешиќ вели дека очекувањата од натпреварот се да дадат 100% од нивните можности и оваа полусезона да ја завршат како што треба.

Да не го доведеме во прашање исходот на мечот и нашите бодови. Одиме во Неготино по три бода и да одиме на заслужен одмор. Нема да дозволиме натпреварот да отиде во неизвесност како што тоа беше случај дома, вели Шешиќ.

Натпреварот ќе се одигра во петок во 18.30 часот.

OhridNews