Во 12 коло од плеј-офот во Супер лигата, ГРК Охрид во недела, 7 мај, на домашен терен ја пречекува екипата на Пролет. Шансата за Европа се уште е отворена. Целта е победа!-велат од клубот.

Во недела не очекува еден добар натпревар, кој што треба да се победи. Се уште сме во игра за место во Европа. Се надевам ќе одиграме добар натпревар со Пролет, и резултатот ќе биде во наша полза. Екипата е подготвена, концентрирани сме на целта. Ги поканувам сите љубители на ракометот да дојдат во сала и заедно да славиме триумф, вели левото крило Хазаин Рустамов.

Натпреварот Охрид – Пролет се игра во салата „Билјанини извори“ со почеток во 18:30 часот.

OhridNews