Во рамки на 18 коло од Супер лигата ракометарите на Охрид ја пречекува екипата на РК Еурофарм Пелистер. Натпреварот се игра во недела, 16 февруари, во салата „Билјанини извори“ со почеток во 18 часот.
Билетите за натпреварот, по цена од 100 денари, ќе бидат пуштени во продажба од утре кај Аждер.
На денот на натпреварот истите ќе се продаваат на билетарата во спортската сала „Билјанини извори“.
OhridNews