Денес екипата на ГРК Охрид во Маврово ќе одигра подготвителен натпревар со Вардар. Тренерот Стевче Алушовски, претходно истакна дека подготовките се одвиваат во посакуваниот правец најавувајќи дека претстои финално брусење на формата и воигрување на екипата пред стартот на првенството.
По враќање од подготовките во Маврово ГРК Охрид ќе настапи на турнирот „Крсте Андоновски Усташ“ што од 23 до 26 август ќе се игра во салата „Билјанини извори“.
Новото првенство во Супер лигата почнува на 9 септември со Езерско дерби во Струга.
OhridNews