Во седиштето на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) попладнево со жрепка беа одредени групите за новата сезона во машката Суперлига.
Актуелниот шампион Вардар 1961 е во групата А, додека вицешампионот Еурофарм Пелистер е носител во групата Б.
Ракометната Суперлига во сезоната 2022/23 ќе ја сочинуваат 16 екипи поделени во две групи. Стартот е најавен за септември, а првопласираните четири екипи од секоја група ќе се пласираат во плеј-оф натпреварувањето, додека тимовите од петтото до осмото место ќе разигруваат за опстанок во плеј-аутот.
ГРК Охрид е во групата А за сезона 2022/2023, a првото коло во Суперлигата е на 03/04.09.2022 помеѓу РК Бутел и ГРК Охрид.
Група А: Вардар 1961, Бутел, Охрид, Прилеп, Струга, Алкалоид, Вардар Неготино, Куманово.
Група Б: Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Тиквеш, Пролет, Радовиш, Голден Арт, Јуниор КВ, Скопје.
OhridNews