Плеј-офот во Супер лигата продолжува со натпреварите од 6 коло, во кое ГРК Охрид му гостува на Еурофарм Пелистер во Битола.

„Гладијаторите“ најавуваат сериозен пристап и голема борба во мечот со фаворитот.

Во четврток не очекува тешко гостување во Битола. Екипата на Еурофарм Пелистер е фаворит, но нема да одиме таму да се предадеме. Поради лошиот ден со екипата на Пролет емотивно сме истрошени, но ќе се собереме и ќе покажаме дека имаме квалитет. Најавуваме борба во Битола, а зошто да не и резултат во наша корист. Ги покануваме сите љубители на ракометот и нашите верни навивачи да не поддржат, вели голманот Виктор Василевски.

Натпреварот се игра во четврток во салата „Боро Чурлиевски“ во Битола со почеток во 17:30 часот.

OhridNews