Во рамки на 12 коло од ракометниот плеј-оф, ГРК Охрид вечерва се среќава со РК Пролет Тинекс. Натпреварот ќе биде можност за враќање на победничките патеки на „Гладијаторите“.

Противникот е незгоден и во добра форма, но ќе направиме се бодовите да останат во Охрид, изјави пикерот на ГРК Охрид, Адмир Пелидија.

Мечот се игра во салата „Билјанини извори“ со почеток во 19 часот.

OhridNews