Се спушта завесата на ракометното првенство во сезоната 2023/24. ГРК Охрид во 14 коло од плеј-офот на домашен терен го пречекува Тиквеш во натпревар со кој ќе биде заокружена успешната сезона во која „гладијаторите“ обезбедија учество во евро куповите.
Ќе дадеме максимум успешната сезона да ја завршиме со победа. Ги повикувам охриѓани и навивачката група „Рибари“ да дојдат во што поголем број на натпреварот да ни дадат поддршка и заедно да го прославиме излезот во Европа, изјави капитенот на „гладијаторите“ Иван Тасески.
Натпреварот Охрид – Тиквеш почнува во 19 часот.
OhridNews