Новата сезона од ракометната Суперлига во машка конкуренција почнува утре, а во првото коло ГРК Охрид му гостува на Бутел во Скопје.
Во новиот формат на Суперлигата која ќе ја сочинуваат 16 екипи во две групи, ГРК Охрид ќе игра заедно со шампионот Вардар, Бутел, Струга, Прилеп, Алкалоид, Куманово и Вардар Неготино.
Првопласираните четири екипи од секоја група ќе се пласираат во плеј-оф натпреварувањето, додека тимовите од петтото до осмото место ќе разигруваат за опстанок во плеј-аутот.
Охрид во преодниот рок се засили со Тоше Ончев, Виктор Василевски, Хазаин Рустемов, Даниел Андоновски, Стефан Бошкоски, Зураб Цинцадзе, Владимир Бојаниќ, Никола Грубиќ, Балша Чејовиќ и Владо Кастратовиќ. Во тимот останаа капитенот Крсте Андоновски, Иван Тасески и Кристијан Димитриески.
Натпреварот помеѓу ГРК Охрид и РК Бутел стартува во 19 часот.
OhridNews