Ракометарите на ГРК Охрид утре го пречекува Куманово во рамки на 11-тото коло од Супер лигата. „Гладијаторите“ размислуваат само за 3 бода.

На денешната прес конференција по повод утрешниот натпревар ракометарот Владан Кастратовиќ вели станува збор за искусна екипа врз која извојуваа победа на првата средба, но искуството говори дека нема лесни противници.

Ние победивме на нашата прва средба, но научивме од натпреварите со Прилеп и Неготино дека нема лесни противници и дека мораме во секој натпревар да влеземе 100% да не се случат повреди. Утре мораме да влеземе максимално озбилно, фокусирано да ги испочитуваме работите на тренинзите. Да пробаме со добра одбрана да истрчаме полуконтра и контра и да дојдеме до некои лесни голови. Мислам дека е тоа клучот на победата и ако го испочитуваме тоа ќе дојдеме до нови три бода, вели Кастратовиќ.

По 10 одиграни кола во А групата од Супер лигата Охрид е на 3 место со 18 бода, додека Куманово е седми со 3 бода.

Натпреварот Охрид – Куманово се игра утре во салата „Билјанини извори“ со почеток во 18:30 часот.

Н.С.Ј.

Видео. К.С.