Ракометарите на ГРК Охрид утре ја пречекуваат екипата на Еурофарм Пелистер во рамките на осмото коло од супелигашкиот плејоф. Воедно  е и претпоследен натпревар што ќе го играат на домашен терен.

Натпреварот е закажан за во 18:00 часот  во салата „Билјанини извори“, а влезниот билет е 50 денари.

Од досега одиграните натпревари „Гладијаторите“ се последни на табелата со само еден бод.

OhridNews