ГРК Охрид забележа висока победа во пријателскиот натпревар со Куманово, што се одигра вчера во салата „Билјанини извори“.

„Гладијаторите“ славеа 27:17, полувреме 12:08.

Најефикасен кај домашните беше Гал Цирар со 8 гола, Крсте Андоновски постигна 5. Голем придонес во победата имаше голманот Миленковиќ кој забележа 12 одбрани во едно полувреме.

ГРК Охрид во зимската пауза веќе одигра неколку контролни натпревари на подготовките во Србија. До почетокот на плеј-офот, средина на февруари, предвидени се уште неколку контролни средби.

Г.М.