ГРК Охрид го совлада РК Прилеп со 34:24, полувреме 19:14, во пријателскиот натпревар кој се одигра вечерва во салата „Билјанини Извори“.
Во рамки на подготовките пред вториот дел од првенството, „гладијаторите“ утре ќе се сретнат со РК Куманово во 14ч. во „Билјанини Извори“.
На 5 февруари Охрид ќе одигра контролен натпревар со Вардар.
Г.М.
Фото: Анамарија Момироска