Екипата на ГРК Охрид отпатува во Шабац, Република, Србија, каде до 26 јануари ќе одработи дел од зимските подготовки, кои се во плн ек.

„Гладијаторите“ покрај тренинзи, ќе одиграат и три контролни натпревари со најквалитетните екипи од Српската лига, Црвена Ѕвезда, Металопластика и Партизан.

Во меѓувреме, ГРК Охрид ја продолжи соработката со десниот бек Дејан Шешиќ.

Популарниот Шеле останува во Охрид до 2024та година. ГРК Охрид одлучи централниот бек Владан Кастратовиќ да го прати на позајмица во РК Куманово. – соопшти клубот.

ГРК Охрид ги поднови и соблекувалните во салата „Билјанини извори“, кои сега имаат нов лик.

Благодарност до спонзорите и помагателите без кои овој проект немаше да успее, истакнуваат од клубот.

Г.М.