Ракометарите на Охрид извојуваа значајна победа на гости во 13 коло од Супер лигата. Синоќа во Скопје „гладијаторите славеа над Бутел 28:33, полувреме 15:15.

Најефикасен во редовите на Охрид беше Цирар со 7 гола, Ојлески постигна 5, Шипинкоски и Јуќиќ по 4.

Статистика ГРК Охрид: Чаневски, Ојлески 5, Мацуока 1, Јукиќ 4, Шипинкоски 4, Тасески, Сафранко, Јотиќ 4, Кукоски, Крстевски, Пешиќ 5, Кукуловски 1, Орјоникидзе 2, Бојаниќ, Цирар 7, Ѓорѓески.

По 13е кола Охрид е на четвртото место на табелата со 20 бода, 4 помалку од лидерот Вардар. На делба на второто место се Е. Пелистер и Алкалоид со по 22 бода, со тоа што екипата на Кире Лазаров има и натпревар помалку поради настапот во ЕХФ купот каде избори пласман во 1/8 финалето.

Во следното коло Охрид на домашен терен го пречекува Прилеп.

Г.М.