„Гладијаторите“ го одиграа вториот пријателски натпревар во Црна Гора, против екипата на Ловќен од Цетиње. ГРК Охрид со одлична игра до нова доминатна победа со седум голови разлика.
Во текот на целиот натпревар, Охрид беше во водство од неколку голови. На крајот од првото полувреме со пет гола разлика 12:17, за на крај од натпреварот со убедливо водство од 7 гола разлика да го заврши натпреварот 25:32.
Најдобри стрелци на натпреварот беа Мице Шилегов со 7 и Михајло Младеновиќ со 5 постигнати голови. Јагош Брауновиќ уште еднаш ја докажа одличната форма и на денешниот натпревар запиша 16 интервенции.
OhridNews