ГРК Охрид по примерот на големите и организирани клубови објави креативно видео со кое ја најавува сезоната 2022/23 во која клубот влегува со големи амбиции.

Екипата од почетокот на август е во тренажен процес кој до утре ќе се одвива во Охрид, по што ГРК Охрид се сели на подготовки во Маврово.

Првиот контролен натпревар „гладијаторите“ ќе го одиграат на 16 август, а формата ќе се бруси на Меморијалниот турнир „Крсте Андоновски – Усташ“ што ќе се одигра во Охрид од 23 до 24 август, на кој освен домаќинот ќе учествуваат уште и РК „Тинекс Пролет“, ГРК „Тиквеш 2014“ и РК „Партизан“ од Белград, Србија.

OhridNews