По паузата поради ЕХФ неделата, продолжуваат натпреварите во ракометната Супер лига. ГРК Охрид со доза оптимизам ја пречекува екипата на Куманово која гостува во салата „Билјанини извори“ во петок.
Во петок не очекува натпревар против екипата на Куманово. Имавме кратка пауза за одмор и подготвени сме за продолжение на шампионатот. Во секој натпревар влегуваме со максимално залагање, така ќе биде и во петок и се надевам дека заедно со публиката ќе се радуваме на крајот на мечот, вели голманот на ГРК Охрид, Берин Бркиќ.
Натпреварот се игра во салата „Билјанини извори“ со почеток во 18:30 часот.
OhridNews