Ракометарите на Охрид го совладаа Прилеп на гости со 21:30, полувреме 9:15.
Со оваа победа на коло пред крајот на регуларниот дел од шампионатот во Супер лигата, Охрид на 6то место, последно кое води во плејофот, ја задржа предноста од три бода пред главниот конкурент Пролет, а „гладијаторите“ имаат и подобра гол разлика.
Во последното коло, на 27 февруари, ГРК Охрид на домашен терен ја пречекува екипата на Еурофарм Пелистер 2.
Г.М.
Фото: Архива OhridNews