Ракометарите на Охрид извојуваа убедлива победа над аутсајдерот Скопје на гостински терен. Вчера Скопје – Охрид 23:36, полувреме 12:18.
„Гладијаторите“ немаа проблеми на гостувањето кај претпоследниот тим на табелата и со триумфот се искачија на 5-то место во Супер лигата, кое води во плејофот во кој ќе настапат првите шест. Охриѓани сега мирно ќе го очекуваат расплетот на мечот во кој играат директните конкуренти за пласман во разигрувањето за титулата и еврокуповите, Тиквеш и Пролет. Натпреварот се игра денеска во Кавадарци (16ч.).
По комплетирање на 16-то коло следи пауза во Супер лигата до 3 февруари, кога Охрид гостува на Еурофарм Пелистер во Битола.
Г.М.