ГРК Охрид претстојниот викенд оди на мегдан со шампионот Пелистер. „Гладијаторите“ најавуваат борбена игра и максимално залагање против големиот фаворит.

Во недела не очекува тежок натпревар против шампионот на Македонија. Пелистер е апсолутен фаворит, но ние се подготвуваме како и за секој друг натпревар и се надевам дека ќе се покажеме во добро светло, вели ракометарот Гоце Ојлески.

Натпреварот се игра во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 18 часот.

OhridNews