Ракометарите на Охрид во 19 коло што на програмата е претстојниот викенд, му гостуваат на Тинекс Пролет во Скопје. Овој меч е важен за „гладијаторите“ за рехабилитација по поразот од Е. Пелистер во дербито и задржување на чекорот со водечките на табелата.

Треба да го заборавиме поразот од Пелистер бидејќи веќе во сабота не очекува гостување во Скопје кај екипата на Тинекс Пролет. Наше е да се подготвиме и да одиграме добар натпревар за да стигнеме до нови бодови, вели средниот бек на ГРК Охрид Горан Крстевски.

По 18 кола Охрид е четврти со 27 бода зад Алкалоид (34), Е. Пелистер (32) и Вардар (32).

Дербито на колото се игра во Битола каде актуелниот првак Еурофарм Пелистер го пречекува лидерот на табелата Алкалоид.

Г.М.