ГРК Охрид во сабота ја пречекува екипата на Вардар Неготино. На денешната прес конференција ракометарите Наум Костов и Никола Шипинкоски велат дека подготовките се вообичаени како и за секој натпревар, а со оглед на тоа што противникот е послаб, очекуваат продолжување на низата на победи.

Се подготвувавме како и за секој натпревар, ќе играме со послаб противник. Екипата на Вардар Неготино е млада екипа. Очекуваме еден добар ракомет утре и упатуваме повик до гледачите да дојдат да не бодрат. Се надеваме дека лесно ќе стигнеме до нови три бода. Победничката низа можеме да ја продолжиме. Можеме да се носиме со сите, игравме и добра утакмица со Вардар која за жал ја загубивме, велат.

Натпрварот ќе се одигра во салата „Билјанини извори“ со почеток од 18:30 часот.

Со победата во Езерското дерби Охрид ја прескокна Струга на супелигашката табела и сега е 4ти со 9 бода.

Н.С.Ј.

видео. К.С.