ГРК Охрид пред нов предизвик. Во третото коло од плеј-офот во Супер лигата, екипата му гостува на Тиквеш во Кавадарци. „Гладијаторите“ најавуваат максимално залагање и борбеност во битката за значајни бодови.
Во плеј-оф нема лесни натпревари. Секој меч треба да се игра до крај, ангажирано и сконцентрирано. Не чека добар натпревар со Тиквеш во Кавадарци, на кој треба да го дадеме нашиот максимум за да извојуваме победа, вели ракометарот Казеин Рустамов.
Натпреварот се игра во недела во салата „Јасмин“ во Кавадарци со почеток во 19 часот.
OhridNews