ГРК Охрид е пред нов плеј-оф предизвик. Во петок во Охрид гостува Алкалоид. „Гладијаторите“ најавуваат голема борба во текот на целиот меч, а со поддршка на верната публика надеж бодовите да останат во Охрид.
Во петок ни доаѓа екипата на Алкалоид составена од млади и неколку искусни играчи, предводена од македонскиот селектор Кире Лазаров, која е желна за докажување. Тоа за нас е мотив плус. Најавуваме борба во текот на сите 60 минути за да извојуваме победа пред охридската публика. Ги повикувам љубителите на ракометот и навивачката група „Рибари“ да дојдат во што поголем број и да уживаат во натпреварот, вели пикерот Иван Тасески.
Од денес започнува продажбата на карти за мечот Охрид – Алкалоид во охридската чаршија, помеѓу Т.Ц. Амам и комплекс Летница (кај Аждер), секој ден до пред почеток на натпреварот и во спортската сала „Билјанини Извори“ (на билетара) секој ден од 18:00-20:00 часот. Цена на билетот е 100 денари.
Од ГРК Охрид најавуваат многу изненадувања на ракометниот спектакл.
OhridNews