Екипата на ГРК Охрид во рамки на осмото коло во недела на домашен терен го пречекува Бутел. Очекувањата пред натпреварот се освојување на три бода.
На денешната прес конференција спортскиот директор на ГРК Охрид, Славчо Ристески вели дека викендов очекуваат противник што веќе е во плејофот и ГРК Охрид според овие игри и натпревари го има заземено местото во плејофот.
Сега се најбитните натпревари за освојување на некој бод, за пренесување во плејофот за наредната година. Претходниот натпревар со Вардар Неготино влеговме со победа во мислите, но не изигравме како што треба. Цела оваа недела се подготвуваме. Ова е битен натпревар за нас и се надеваме на максимални три бода, вели Ристески.
Десното крило на ГРК Охрид, Балша Цејовиќ вели дека треба тие да ја водат играта и да ги освојат трите бода.
Треба шеесет минути да бидеме концентрирани и да ја играме нашата игра. Да не дозволиме тие да ја водат играта и се надеваме на најдобото, на три бода, додаде Балша.
Натпреварот ќе се одигра во салата „Билјанини извори“ со почеток во 18:30 часот.
Н.С.Ј.
видео. К.С.