Ракометарите на Охрид претрпеа пораз во натпреварот за трето место на меморијалниот турнир „Вук Рогановиќ“ во Белград. Екипата на Динамо Панчево славеше со 33:29, полувреме 12:13.

На турнирот триумфираше екипата на Нексе од Хрватска која во финалето го совлада Партизан со 27:25.

ГРК Охрид ги продолжува подготовките за вториот дел од сезоната 2024/25