Ракометарите на Охрид вечерва во Белград загубија од Партизан 29:27 (17:17) во полуфиналето од меѓународниот турнир „Трофеј Вук Рогановиќ“.
На 4. меморијален турнир „Вук Рогановиќ“ учествуваат уште и Нексе и екипата на Динамо Панчево со која утре во 17 часот Охрид ќе игра за 3 место.
ГРК Охрид во соседна Србија ќе ја бруси формата за вториот дел од сезоната во која клубот влегува со амбиции да обезбеди место во ракометна Европа.
Г.М.