Ракометарите на Охрид ја декласираа екипата на Радовиш на гости на отворањето на новата сезона во Супер лигата. Синоќа во салата „25 Мај“ во Радовиш Охрид славеше со 18:36, полувреме 8:18.
Домаќинот немаше одговор за цврстата одбрана и разноврсниот напад на Охрид на чија страна беше квалкитетот во овој натпревар. Најефикасен кај „Гладијаторите“ беше Ојлески со 7 гола, Бојаниќ постигна 5. Чаневски и Ристевски остварија 16 одбрани.
Статистика ГРК Охрид: Чаневски (9 одбрани), Ојлески 7, Андоновски 1, Јукиќ 1, Костов 3, Ристевски (7 одбрани), Бура 2, Шафранко 3, Кукоски, Крстевски 2, Пешиќ 5, Кукуловски 1, Орјоникидзе 4, Бојаниќ 5, Цирар 2, Ѓорѓески.
Во 2 коло од Супер лигата кое на програмата е следниот викенд, Охрид го пречекува Бутел. До оваа средба трае и продажбата на сезонски карти за натпреварите на ГРК Охрид за натпреварувачката 2024/24 кои чинат 2500 денари со подарок оригинален дрес на клубот.
OhridNews
Фото: ГРК Охрид