ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпревар од 12 коло од плеј-офот. На две кола до крајот на првенството „Гладијаторите“ на четвртото место имаат недостижна предност од 7 бода во однос на петтопласираниот Тиквеш.

Пласманот во Европа ракометарите на Охрид го прославија со верните „Рибари“, а првите честитки по мечот пристигнаа од градоначалникот Кирил Пецаков, кој е еден од најголемите поддржувачи на клубот.

Охрид во победата на Тиквеш го предводеа Гал Цирар со 7 и Тимо Орјоникидзе со 6 гола.

Статистика ГРК Охрид: Ѓорѓески, Бркиќ, Ојлески 3, Андоновски, Мацуока 2, Јукиќ 2, Стоилевски, Дрогришки 1, Тасески 3, Шафранко 4, Куковски, Крстевски, Шешиќ, Орјоникидзе 6, Бојаниќ 1, Цирар 7.

Во Супер лигата следи пауза поради настапот на репрезентацијата и завршниот турнир од купот. До крајот на првенството остануваат уште две кола во кои Охрид се среќава со Вардар на гости, а дома го пречекува Тиквеш.

Г.М.
Фото: Бобан Стојаноски