ГРК Охрид го поздравува начинот кој го определи Ракометната Федерација на Македонија, а кој се однесува на делегирањето на судиските парови кои ја добиваат одговорноста да ја делат правдата на натпреварите кои се одигруваат во Плеј-оф и Плеј-аут фазата од тековната натпреварувачка сезона, а посебно од причина што натпреварите од Плеј-оф фазата на натпреварување се резервирани исклучиво за судиските парови со предзнак на Европската Ракометна Федерација, каде што и самите се етаблирале меѓу најквалитетните судиски парови, велат од клубот.

ГРК Охрид смета дека е целосно непотребно да се напаѓа и девалвира постоечкиот систем на делегирање на судските парови којшто во моментот го спроведува Натпреварувачката комисија при РФМ, како и што е непотребно да се осуетува и да се прави обид да се компромитира работата на едни од најдобрите судии во светски рамки. Свесни сме дека победите и поразите се нераздвоен дел од ракометната игра и од спортот воопшто, па со тоа сметаме дека исклучиво само со пожртвувана работа и професионален пристап кон истата, еден спортски клуб може да бележи напредок и успех, потенцираат.

Воедно, посочуваат дека и понатаму ќе се држaт до принципот на јавно некоментирање на работата на судиите, а се со цел да не се создава јавен притисок врз истите дека од нивната работа зависи успехот на клубот.

Претходно со соопштениja излегоа и ракометните клубови Вардар и Еурофарм Пелистер реагирајќи на изнесените ставови на РК Алкалоид за неизедначени критериуми при судењето на мечот со Еурофарм Пелистер.

OhridNews