Пред почетокот на натпреварот со Пелистер, вечерва во салата „Билјанини извори“, во знак на благодарност за придонесот кон ракометот и клубот, капитенот на ГРК Охрид, Иван Тасески, на легендарниот охридски ракометар Панде Христовски му врачи благодарница.

Панде Христовски како играч остави голема трага во охридскиот ракомет, а подоцна несебично го пренесуваше своето знаење на помладите генерации.

Г.М.