ГРК Охрид натпреварите во Купот на Македонија во сезоната 2023/24 ги почнува на домашен терен против Младост од Богданци. Мечот ќе биде можност и за младите „гладијатори“ да покажат што знаат на теренот.

Екипата на Младост Богданци е една добра екипа која сака да се докажува. Натпреварот мора да го започнеме максимално фокусирани за нова победа. Ова е добра прилика за нас младите да докажеме што знаеме на теренот, вели ракометарот на ГРК Охрид, Наум Речкоски.

Натпреварот се игра во недела, 10 декември, во салата „Билјанини Извори“ со почеток во 14 часот.

OhridNews