ГРК Охрид ќе ги стартува натпреварите во ЕХФ Европскиот куп од 2 коло.

„Гладијаторите“ се во вториот шешир, а нивниот противник ќе биде познат на 16 јули. Извлекувањето ќе се одржи на YouTube каналот на ЕХФ.

Второто коло од ЕХФ Европскиот куп се игра на 19/20 октомври, а реваншот е на 26/27 октомври.

ГРК Охрид сезоната во Супер лигата ја заврши на 4 место со што избори пласман во Евро купот на ЕХФ.

Г.М.