ГРК Охрид по одработување на првата фаза, подготовките за вториот дел од сезоната во ракометната Супер лига, во кој „Гладијаторите“ ќе настапат во плеј-офот, ги продолжуваат во соседна Грција, каде во наредните три дена ќе одиграат три контролни средби со екипите на: Дукас, Олимпијакос и Аек.

На екипата ќе и се приклучат и интернационалците Хироки Матсуока кој настапи за Јапонија на Азиските игри и Грузиецот Тимо Орјоникидѕе кој го носеше дресот на Грузија на Европското првенство.

По враќањето од Грција екипата подготовките ќе ги продолжи во Србија каде ќе одигра уште шест средби со силни противници.

OhridNews