Ракометарите на ГРК Охрид утре ќе го одиграат првиот натпревар за 2022 година. Во рамки на 17-то коло од Супер Лигата, Охрид  патува во Битола кај Еурофарм Пелистер.

Натпреварот е со почеток во 18:00 часот. Ова е прв натпревар за ракометарите на Охрид по зимската пауза во Супер Лигата.
Гладијаторите моментално се наоѓаат на 5-та позиција на табелата со 25 бода и со тоа има обезбедено пласман во плејофот во кој ќе настапат првите шест.

 

OhridNews