Ракометарите на Охрид денеска во Битола му гостуваат на актуелниот шампион Еурофарм Пелистер во дерби натпреварот од 7 коло во Супер лигата.

Натпреварот се игра во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола со почеток во 18 часот.

„Гладијаторите“ се во серија од 6 победи на стартот од сезоната, а Е. Пелистер во мечот влегува по првиот освоен бод во Лигата на шампиони по 17 одиграни натпревари во елитата.

На табелата води Алкалоид со 14 бода, два повеќе од Охрид кој има и натпревар помалку и Вардар кој вчера лесно славеше над Прилеп. Следи Е. Пелистер со 10 бода.

Г.М.