Подготовките на ГРК Охрид течат според предвидениот план. Формата ќе се бруси низ контролни средби и натпреварите од турнирот „Крсте Андоновски – Усташ“ во Охрид. Првиот контролен натпревар ГРК Охрид го игра денеска со Еурофарм Пелистер во Битола.
Резултатите од контролните натпревари ќе бидат во втор план. Она што го очекувам од играчите е максимално залагање и дисциплина. Организацијата во клубот е одлична, задоволен сум и од односот на играчите и убеден сум дека со ваква работа не очекува долга и светла иднина. – вели тренерот на ГРК Охрид Стевче Алушовски.